Search

Тројца Македонци уапсени во Загреб, биле дел од провалничка банда која ограбувала низ ЕУ

Тројца државјани на Македонија завршија во истражниот затвор „Реметинец“ во Загреб, откако провалиле во стан во главниот град на Хрватска, од кои однеле злато и разни предмети. Двоајца Македонци на возраст од по 36 години и еден 42 годишник кражбата ја извршиле сред бел ден во вторникот.

Тројката ладнокрвно меѓу 12 и 14 часот дошле до станот во населбата Трешњевка и со подесен предмет ја провалиле бравата од станот на 65 годишна жена и во кој за кусо време направил дер-мар. Но по темелнниот претрес и со пленот од станот не стигнале далеку.

Од загрепската полиција велат дека осомничените се дел од криминална банда од Македонијa, a коi билe активнi и провалувалe во повеќе држави од Европската Унија, но ова им била прва регистрирана кражба во Хрватска.

– Тројцата во Загреб престојувале во изнајмена соба во која го чувале провалничкиот алат, како и дел од украдените прдмети. Со нивното апсење е спречено понатамошното провалување во домовите на загрепчани. Материјалната штета не е утврдена, а по завршување на криминалистичко истражување полицијата ги предаде осомничените на притворските надзорници, а доставен е посебен извештај до Општинската државно обвинителство, велат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави