Search

Путин ќе се обрати пред Федералниот парламент кон крајот на февруари

Рускиот претседател Владимир Путин планира кон крајот на месецов да одржи годишно обраќање пред Федералното собрание.

Путин претходниот говор пред Федералното собрание го одржа на 1 март минатата година.

Оваа традиција ја воспостави некогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, кој првпат пред Парламентот се обрати во 1994 година.

Путин досега одржа 14 такви говори, а Дмитриј Медведев, кој пред премиерската функција беше претседател, четири пати се обрати пред Федералниот парламент.

Треба да знаете
Последни објави