Search

Поранешната свршеница на Кличко е очајна бидејќи ретко ја посетува својата ќерка во Украина

Aмериканката Хајден Панетиер (29) и украинскиот боксер Владимир Кличко (42) минатата година ја прекинаа својата долгогодишна врска. Откако актерката беше видена со друг, Хејден и Кличко одлучија да ја раскинат свршувачката.

Според „Дејли мејл”, нивната ќерка Каја (4) останала кај боксерот во Украина. Хајден е очајна бидејќи ретко го гледа девојчето. Tие се запознаа во 2009 година, а четири години подоцна одлучија да се свршат. Иако се чинеше дека нивниот однос е во ред, во јули минатата година тие ја раскинаа свршувачката. Хајден одлучила дека е подобро нивната ќерка да ја подигне украинскиот боксер.

Нејзината мајка, исто така актерка, Лесли Вогел (62) за американските медиуми откри дека Хајден ретко патува во Украина за да ја посети својата ќерка.Сето тоа е многу тажно и тешко. Тие не ги поминаа празниците заедно. Хајден ќе мора внимателно да размислува за тоа како да ја реши оваа ситуација, сигурно нема да ѝ биде лесно“, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави