Search

Оланд со свои оценки за повеќе француски политичари, но и за претседателите Макрон и Трамп

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд присуствуваше на конференцијата одржана на факултетот за политички науки во Париз посветена на кризата на социјалдемократијата. Тој ја искористи можноста да го истакне своето мислење за целата француска политичка елита, но и за американскиот претседател Доналд Трамп, јави дописникот на МИА.

Оланд го опишува актуелниот претседател Емануел Макрон како заплеткан во кризата на „жолтите елеци”, кој ги прескокнуваа синдикатите и политичките партии.

– Знаев дека цената на горивото ќе стане запалив предмет, нагласи Оланд, додавајќи дека „не постои ништо полошо за еден граѓанин да добива поуки од некој кој не живее под исти услови”.

Зборувајќи за Жан-Лук, лидерот на Непокорна Франција, поранешниот претседател, рече: „Јас не верувам во партиите каде што лидерите одлучуваат за се и каде шефот смета дека тој е Републиката”. Тој, исто така, вели, дека дефинитивно „оние кои повикуваат на разрешување на извршната власт како излез од кризата, тие не претставуваат вистинска алтернатива”.

За Беноа Хамон (неславниот кандидат на социјалистите за последните претседателски избори) кој освои само 6,35 отсто од гласовите во првиот круг на претседателските избори во 2017 година, Оланд, вели: „Сакам да имам визија, која овозможува да се има 28 проценти, а не таа што постигнува само шест осто. Сакам да ги видам гласачите в лице, отколку да не бидам виден од нив. Бидејќи проблемот е видливост, ако гледате” . Тој исто така упати критика за неговиот проект за универзален доход.

– Верувањето дека работата и работните места ќе исчезнат е невозможно, оцени Оланд.

За изборот на претседател на Републиканците на Лорен Вокие да го довери предводничкото место на листата на неговата партија за европските избори на Франсоа-Ксавиер Белами, Оланд рече: „Тие успеаја да изберат кандидат за европските избори повеќе десно од крајната десница”.

– Денес екстремната десница е на власт. Таа е на власт во Соединетите Американски Држави. Значи знаеме против она со што се бориме, не е химера, рече Оланд, мислејќи на Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави