(Видео) Десет млади фудбалери изгореа во пожар во Бразил

Десет млади фудбалери загинаа во пожар во тренинг-центарот на клубот „Фламенго“ во Рио де Жанеиро, Бразил.

Зградата која припаѓа на академијата на овој славен клуб е целосно уништена во пожарот штосе случи рано утрово.

https://youtu.be/VUNZLObTU7w

Иако идентитетот на жртвите сè уште не е познат, бразилските медиуми објавија дека во објектот биле сместени играчи на возраст од 14 до 17 години кои спиеле кога избувнал пожарот.

Причината за пожарот засега не е позната.

Треба да знаете
Последни објави