Search

Анкета: Речиси 85 проценти Германци имаат негативна слика за американско-германските односи

Речиси 85 отсто од Германците имаат „негативна” или „многу негативна” слика за американско-германските односи и повеќето од нив сакаат да се зголеми дистанцата помеѓу традиционално блиските трансатлантските сојузници, покажуваат резултатите од една нова анкета на јавното мислење објавени денеска.

Околу 40 проценти од анкетираните ја гледаат Кина како подобар партнер за Германија од САД.

Германско-американските односи се влошија по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД во 2016 година, кој повеќепати ја критикуваше Германија поради нејзините трговски пракси, недоволното одделување средтава за одбрана и учеството во изградбата на рускиот гасовод „Северен поток 2″.

Германија настојуваше да одржи пријателски односи со САД, но германски високи официјални претставници јавно зборува за „ерозија на довербата” по повлекувањето на Вашингтон од Парискиот договор за климатски промени и Нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, а од неодамна и од Договорот за ликвидација на ракети со среден и краток дострел (ИНФ).

Анкетата е спроведена од асоцијацијата Атлантик-Бруке и иниститутот Сивиј во текот на ноември и декември минатат година и со неа биле опфатени 5.000 лица.

Заменик претседателот на Атлантик-Бруке, Буркхард Швенкер, изјави дека истражувањето покажало дека е потребно да се удвојат напорите за проширување на дијалогот помеѓу двата сојузника на сите нивоа.

Треба да знаете
Последни објави