Search

Франција го повлекува амбасадорот од Италија поради „напади”

Франција одлучи да го повлече на консултации својот амбасадор во Рим, Кристијан Масет поради „напади без преседан од страна на Италија”, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

– Франција веќе неколку месеци е мета на неосновани напади, кои се повторуваат и на досега невидени изјави, соопшти Ке Д’Орсеј.

Министреството наведува дека Франција вакви напади од италијанска страна „не видела уште од времето на Втората светска војна”.

– Едно е да да не се согласувате, а друго е да манипулирате со односите поради изборни цели, стои во соопштението.

Двајцата потпретседатели на италијанската Влада, Матео Салвини од десничарската Лига и Луиџи ди Мајо од популистичкот антисистемско Движење пет ѕвезди (М5С), го критикува претседателот на Франција, Емануел Макрон во врска со многу горливи прашања.

– Сите тие постапки создаваат сериозна ситуација, која наметнува прашања во врска со намерите на италијанската Влада кон Франција, се наведува во соопштението на Министерството.

Директен повод за одлуката за повлекување на амбасадорот Масет на консултации беа „провокациите” на италијанскиот заменик премиер Ди Мајо, кој во вторникот на Твитер објави дека пратеникот од Движењето пет ѕвезди, Алесандро ди Батиста „скокнал” до Франција за да се сретне со „лидерот на жолтите елеци”, Кристоф Шалцен и со кандидатите на листата Собир на граѓанската иницијатија (РИЦ) на Ингрид Леваваср за изборите за Европскиот парламент.

– Ветерот на промени премина преку Алпите, напиша тогаш Ди Мајо на Твитер.

Ваквиот потег Ке Д’Орсеј вчера го оцени како „неприфатлива нова провокација”.

Треба да знаете
Последни објави