Search

Мандарини со пестициди од Турција откриени во Република Српска

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 5.400 килограми мандарини од Турција поради зголемено присуство на пестициди.

Врз основа на извештајот од лабораториските анализи направени при редовен преглед при увоз на храна било утврдено присуство на пестицидот фенвалерат над пропишаното количество во правилникот за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната.

Веднаш било наредено враќање на оспорената пратка или уништување на мандарините под надзор на надлежниот федерален инспекторат.

Треба да знаете
Последни објави