Search

Дали треба да вежбате доколку се чувствувате болни?

Се чувствувате заморени, ве боли глава, немате сила и се чувствувате како пред разболување. Но, баш денес сте планирале да вежбате. Дали овие симптоми се причина да го прескокнете вежбањето?

Еве што смета во врска со ова персонален тренер:

„Постојат различни нивоа. Доколку само ви е затнат носот, би можеле да излезете на лесно трчање. Забрзаното чукање на срцето и забрзаното дишење можат и да го поттикнат одзатнувањето на носот”.

Но, на вежбањето треба да му се пристапи полека и внимателно.

„Доколку имате грип или настинка не треба да трчате. Веројатно нема ни да имате сила за тоа, но треба да се нагласи како одговор на бактериската или вирусната инфекција, организмот има зголемена температура, а истото го прави и трчањето. Затоа, со трчањето може да се влошат симптомите на болеста, па дури и да станат опасни”, вели тој.

Кај трчањето, многу луѓе се водат по „правилото на вратот”. Ова значи дека доколку симптомите се наоѓаат над вратот (како течење на носот), тогаш лесното трчање е во ред. Но, доколку симптомите се наоѓаат под вратот, како болки во желудникот, градите, телото или тешко дишење, попаметно е да се остане дома и да одмарате.

Сепак, тренерот не би се водел според ова правило.

„Доколку моето тело се чувствува болно, јас не би тренирал, бидејќи телото со ова се обидува да ми даде до знаење дека своите енергетски ресурси треба да ги пренасочи во друга насока. Знаејќи го ова, зошто да му прават дополнителен напор?”, смета овој личен тренер.

Треба да знаете
Последни објави