Search

Макрон: Франција ќе го прогласи 24 април за Ден на сеќавање на Ерменскиот геноцид

Франција и официјално ќе го прогласи 24 април за Ден на сеќавање на Ерменскиот геноцид, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува „Спутник“.

На 24 април се одбележува Денот на сеќавањето на Ерменскиот геноцид. Според различни проценки, повеќе од еден милион Ерменци биле убиени или изгладнети до смрт од Отоманската империја за време на и по Првата светска војна.

„Франција ја гледа историјата в лице. Како што ветив, во следните недели Франција ќе го прогласи 24 април за Ден на сеќавање на Ерменскиот геноцид”, напиша Макрон на Твитер.

Франција, Русија и Германија, меѓу другите, го признаваат Ерменскиот геноцид. Турција постојано ги негираше обвинувањата за масовно убиство на Ерменците, тврдејќи дека жртвите на трагедијата биле и Турци и Ерменци.

Треба да знаете
Последни објави