Search

Следниот самит на НАТО во декември во Лондон

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО ќе се состанат во Лондон во декември на специјален самит за одбележување на 70-годишнината на Алијансата, соопшти денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Тој истакна дека главниот град на Британија е „идеално место за одбележување на годишнината од трансатлантската воена соработка, како дом на првото седиште на НАТО во 1949 година”.

Средба за одбележување на годишнината требаше да има во Вашингтон, каде што е потпишан договорот за создавање на НАТО, но, како што јавија некои светски агенции, „поради опасност од ново трансатлантско недоразбирање”, министрите за надворешни работи ќе се состанат во главниот град на САД во април.

Годишнината доаѓа во деликатен момент за НАТО, особено поради неодамнешните шпекулации дека Трамп ќе ги повлече САД од Алијансата. Пред да стане претседател, тој ја нарече Алијансата „остарена”, а потоа го доведе во прашање основниот принцип на взаемна одбрана во врска со најновата членка – Црна Гора, потсетуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави