Search

Американец со раце задавил пума која го нападнала

Во планините на северот од Колорадо еден човек убил пумпа со голи раце. Како што пренесе Би-би-си, во понеделникот додека џогирал бил нападнат од млад планински лав, односно пума, тежок 36 килограми.

Иако пумата сериозно го повредила човекот, тој успеал да излезе од нејзините канџи и да ја задави.

„Човекот слушнал нешто зад себе и се свртел да види што се случува, а потоа бил нападнат од планински лав. Животното скокнало на него и го искасало по лицето и зглобовите. Човекот успеал да се одбрани, односно ја убил пумата во самоодбрана“, стои во официјалното соопштение на локалните власти, а пренесува Би-би-си.

На крајот, човекот сам повикал помош.

Нападите на пуми во Северна Америка се многу ретки, па така за повеќе од сто години помалку од десет луѓе се убиени од страна на овие предатори.

Експертите велат дека најдобро е да не се бега доколку некој се најде очи в очи со оваа голема мачка.

„Трчањето може да го стимулира инстинктот на лавот за бегство на пленот и напад. Треба да останете смирени и да не правите нагли движења, а во случај на напад треба да се обидите да се одбраните со што било, па дури и со голи раце. Луѓето често успешно се бранат од напад со замавнување со своите капи или јакни“, додаваат познавачите.

Треба да знаете
Последни објави