Search

Французин нарачал костим за капење на интернет, а добил златници

Французин од градот Ван на полуостровот Бретања нарачал костим за капење за својата сопруга преку Интернет, но наместо тоа, стигнала пратка со златници и златни прачки во вредност од околу 20.000 евра.

Таа сепак, не била изненадена од пратката, бидејќи очекувала подарок. Но, била изненадена од тежината на така малиот пакет. Кога заедно ја отвориле кутијата, во неа се наоѓале француски златници од почетокот на 20. век и златни прачки – со вкупна тежина од 700 грама.

Под претпоставка дека се работи за логистичка грешка, тие ѝ го предале пакетот на полицијата, па така сопственикот на пратката е пронајден.

Треба да знаете
Последни објави