Search

Фотографија која го крши срцето: Кучето на Сала сè уште го чека својот газда

Иако неговото семејство до последниот момент верувало дека фудбалерот Емилијано Сала го преживеал падот на авионот, секоја надеж е изгубена откако истражителите вчера го пронајдоа авионот во Ламанш.

Британската агенција за цивилно воздухопловство објавила фотографија од дното на морето и потврдила дека во авионот се наоѓа барем едно тело, но сѐ уште не се знае дали станува збор за Сала или пилотот Дејвид Иботсон.

Семејството на фудбалерот собрало пари за приватна истрага која започнала во истовреме како и онаа која била водена од агенцијата. Додека тие трагале, сестрата на Емилијано објавила фотографија на Фејсбук која веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави