Search

Средношколец со нож пробол соученик

Средношколец со нож пробол соученик, вчера во скопската неселба Драчево, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 9.20 часот на улицата Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“. Тогаш настанала тепачка меѓу ученици, во која А.Б. (17) од село Вражале со нож го пробол Р.Д.(18) од село Батинци.

Повредениот ученик бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. Откако му била пружена лекарска помош А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави.

Треба да знаете
Последни објави