Search

Раде Шербеџија добитник на престижната награда „Мери Пикфорд“

Наградата Мери Пикфорд  за посебен уметнички придонес во забавната индустрија, доделена од страна на Меѓународната академија за новинарство – ИПА во рамки на доделувањето на 23. награди „Сателит“, оваа година му припадна на хрватскиот актер, режисер и музичар Раде Шербеџија. Наградите „Сателит“, кои се доделуваат од 1996 година, ја промовираат уметничката извонредност во областа на филмот, телевизијата и новите медиуми, со акцент на нови, меѓународни или независни автори, алтернативна култура и мултимедија.

Церемонијата на доделувањето ќе се одржи на 22 февруари 2019 година, во Мондријан хотел во Холивуд. Наградата Мери Пикфорд досега ја добија и Род Стајгер, Алан Џ Пакула, Френсис Форд Копола, Максимилијан Шел, Карл Малден, Роберт Еванс,  Кети Бејтс, Џоди Фостер, Сузан Сарандон, Ванеса Вилијамс, Гена Роуландс, Мици Гејнор, Мартин Ландау, Мајкл Јорк, Теренс Стамп, Мајк Медавој, Луиз Флечер, Едвард Џејмс Олмос и Дабни Колман.

Претседателката на ИПА, Мирјана ван Блариком, по овој повод рече: „Раде е актер чиј талент не познава граници. Тој навистина ја заслужи наградата ‘Мери Пикфорд’ за посебен уметнички придонес во забавната индустрија.“

Треба да знаете
Последни објави