Search

Почина сопственик на менувачница за криптовалути, пропаѓаат 190 милиони бидејќи не оставил шифра

Во декември почина Џералд Котен, еден од основачите и сопственик на најголемата канадска менувачница за криптовалутa.

Но, Котен на никого не му оставил пристапни кодови, а тоа значи дека, како што пишува Гардијан, околу 190 милиони долари колку што се наоѓале во паричникот за криптовалути во неговиот лаптоп, најверојатно засекогаш ќе бидат загубени.

Џенифер Робертсон, вдовицата на починатиот сопственик, изјави дека сега менувачницата им долгува на своите корисници околу 190 милиони долари вистински пари.

Неочекувана смрт во Индија

Триесетгодишниот Котен починал во декември додека бил во Индија, поради компликации од Кронова болест. Во Индија отворал сиропиталиште.

Неговата вдовица која вели дека нема никаква врска со бизнисот на покојниот сопруг, вели дека примала и закани.

„Лаптопот со кој мојот сопруг го водеше бизнисот е заштитен со шифра која никој не ја знае”, вели таа.

Иако неговата менувачница продолжила со работа по неговата смрт, фирмата не може да дојде до значителната сума пари кои се наоѓаат во неговиот лаптоп, што им предизвикува сериозен проблем, а бројните вложувачи почнаа да ја напуштаат менувачницата.

Треба да знаете
Последни објави