Search

Патот Охрид – Ресен блокиран поради сообраќајка

Oд 7.05 часот патниот правец Охрид – Ресен, кај Буково е блокиран во двата правци, поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри има на Стража, Маврово, Плетвар и Попова Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави