Search

„Див” таксист за возење од пет минути наплатил 1.000 евра

Турист во Нов Зеланд направил скандал откако таксист му наплатил 950 долари за петминутно возење низ Велингтон.

Кога го напуштил возилото и почнал да станува видно нервозен, возачот побегнал, но сепак, патникот успеал да види од која такси-компанија е автомобилот. Забележал дека таксистот има лиценца на предното седиште и „ништо не укажувало на тоа дека нешто не е во ред”.

Било оценето дека се работи за фирмата Такси Велингтон, но оттаму потврдиле дека таксистот не е вработен кај нив. Тоа значи дека лиценцата била лажна, а такси возилото – нелегално.

Треба да знаете
Последни објави