Мајката и таткото биле приведени од страна на полицијата поради сомненние за малтретирање на бебето.
Инцидентот е забележан на видео-снимка која брзо се раширила на социјалните мрежи.
Родителите на бебето се во своите доцни 20-ти години и патуваат низ Југоисточна Азија како улични изведувачи, а во Малезија престојуваат со едномесечна виза. Двојката смета дека ова однесување воопшто не е проблематично и тврди дека нивното бебе ја „обожуваа оваа вежба“.
Видеото е објавено на Фејсбук и веќе има преку 40.000 прегледи, а корисникот кој го објавил ги нарекува родителите „неодговорни“ и вели дека можат да му нанесат сериозни повреди.
Двојката е уапсена за време на нивниот настап на улица во Куала Лумпур.
„Ги приведовме за испрашување поради сомнение за малтретирање“, велат од полицијата.