Search

Нова студија го поврзува аутизмот кај децата со загадениот воздух

Неодамнешна студија откри нови докази кои ја поврзуваат изложеноста на загаден воздух со зголемен ризик од развој на аутизам кај децата, објави интернет-страницата на Светскиот економски форум.

Истражувањето спроведено кај деца во Шангај покажало дека изложеноста на ситни честички од загадување, познати како ПМ 2.5, е во корелација со 78% зголемување на дијагнозата на нарушувања од спектарот на аутизам (НСА). Доказите од новата студија, која ги следела децата во период од девет години, ги поткрепуваат наодите од претходно истражување.

Имено, една студија од 2014 година спроведена кај 116.430 бремени жени во САД покажала дека зголемената изложеност на ПМ 2.5 честички во текот на последните три месеци од бременоста двојно го зголемува ризикот децата да развијат НСА.

Двете студии нудат дополнитлни докази кои го поврзуваат вдишувањето на ситни честички од загадувањето со широк спектар на здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања, мозочен удар, рак на белите дробови и акутни респираторни инфекции.

Светската здравствена организација проценува дека 7 милиони смртни случи на годишно ниво се поврзани со загадувањето на воздухот.

Честичките ПМ 2.5 имаат дијаметар од помалку од 2,5 микрометри и најчесто се наоѓаат во индустриските гасови и издувните гасови од возилата, а се присутни во многу загадени градови ширум светот.

Иако причините за појава на аутизам сè уште не се целосно разоткриени и натаму се предмет на истражување, одамна е препознаена улогата на генетиката во развојот на ваквите нарушувања.

Истражувањата за честичките во воздухот како фактор на ризик од аутизам продолжуваат да замаат замав, благодарение на наодите од Шангај и други студии.

Треба да знаете
Последни објави