Search

Италијанската влада ја блокираше одлуката на ЕУ да го признае легитимитетот на Гваидо

Италијанската влада гласаше шротив одлуката на ЕУ да го признае легитимитетот на привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, па тоа го направија поединечно земјите членки.

,,Заеднички изјави сигурно нема да има, бидејќи некои земји се противат на тоа”, изјави министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеп Борел во Брисел.

Покрај Италија, сомнеж во оправданоста на одлуката за признавање на легитимитетот на Гваидо изрази и Грција. Досега десет земји го признале Гваидо, откако истекол нивниот рок до претседателот на Мадуро да распише претседателски избори.

Треба да знаете
Последни објави