Search

(Видео) Уапсена жена која го подметнала пожарот во Париз во кој загинаа деветмина

Девет лица загинаа, а над 50 се спасени од пожар во станбена зграда во југозападниот дел на Париз.Во огнената стихија, повредени се околу 30 лица, меѓу кои и шетмина пожарникари. Едно лице се наоѓа во критична состојба. Полицијата приведе 40-годишна жена, која имала психички проблеми и за која се смета дека го подметнала пожарот.

Огнот го зафатил седмиот и осумиот кат на зградата. Пожарот избувнал околу еден час по полноќ, а многу станари избегале на покривот, или се качувале на прозорците за да се спасат.

Околу 200 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот кои помагаат во спасувањето на заробените на покривот. Околните згради во елитна населба во близина на Ајфеловата кула се евакуирани.

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер  рече дека осомничената жена имала проблеми со менталното здравје.

,,Сакам да ја поздравам пожртвуваноста на пожарникарите во Париз”, рече тој. “Повеќе од 250 луѓе пристигнаа веднаш и, во текот на ноќта, спасија повеќе од 50 луѓе во навистина исклучителни услови”.

Обвинителот Реми Хаиц  изјави дека властите се сомневаат дека станува збор за кривично дело. Зградата се наоѓа во елитен дел на градот, на помалку од еден километар од стадионот на Ролан Гарос, кој е домаќин на тенискиот турнир во Франција.

Треба да знаете
Последни објави