Search

(Видео) Глутница од кучиња скитници усмрти жена на улица во Мексико

Жена во Мексико беше убиена и растргната од глутница од 11 кучиња додека одела на работа, објави британски „Мирор“. Кучињата најпрво почнале да трчаат по неа, а потоа ја собориле на земја и ја растргнале.

Жената по име Маргарита се упатила кон наплатна рампа во Мексико, каде што работела, но тој ден одлучила да оди по скратен пат. Снимката од надзорните камери покажува дека жената одеднаш ја опкружиле 11 кучиња.

https://youtu.be/OazuoI4hgxs

Таа се обидела да побегне, по што исчезнува од досегот на камерите, но очигледно е дека паѓа на земја. Според извештаите, кога било пронајдено нејзиното тело, на многу места кожата ѝ била откината, како и косата, но и дел од черепот.

Врз основа на достапните информации, се знае дека кучињата биле со среден раст и дека веројатно ја нападнале жената бидејќи влегла во нивна територија. Градоначалник испратил членови на Центарот за контрола и заштита на животни да ја посетат локацијата и да ги најдат бездомните животни. Полицијата истражува и сè уште не ја исклучува можноста кучињата намерно да биле пуштени на тоа место.

Треба да знаете
Последни објави