Search

СДСМ:Државата ќе ги исплати долговите кон лозарите

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје, соопшти партијата.

Според СДСМ, преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.

,,Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.

Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави