Search

Мицкоски на политичко собрание на ЕПП во Брисел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе присуствува на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) што се одржува во Брисел. На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската народна партија чиј што член е ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, соопшти партијата.

Треба да знаете
Последни објави