Search

18-годишно момче нападнато во приватен автобус со број 22

Синоќа околу 21 часот 18-годишниот А.М. од село Волково, скопско бил физички нападнат од страна на повеќе лица, соопштија од МВР.

Нападот, како што информираа од полицијата се случил во приватен автобус со број 22, на улицата 11-ти Октомври.

По пријавата, од МВР информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави