Search

Криминална група планирала со приватен авион да пренесе 7 тони кокаин во Италија

Во голема меѓународна акција била разбиена криминална група која планирала со приватен авион од Јужна Америка да пренесува седум тони кокаин, пренесуваат медиумите.

Рутата според која групата планирала да мине била низ Бразил и Швајцарија до Рим и Неапол.

Во акцијата е уапсен еден државјанин на Црна Гора, со иницијали Т.П. на возарст од 40 години, тројца Италијанци и еден албански државјанин, објави порталот ЦдМ.

Како што посочуваат медиумите, количината на дрога која требала да биде пренесена одговарала на годишните потреби на дрога за римскиот пазар, но и за пошироко. Истрагата, која била покрената во Бразил, покажала дека црногорскиот државјанин бил задолжен за логистика, односно поткуп на царински службеници во Бразил.

Треба да знаете
Последни објави