Search

ДОМ нема да предложи свој кандидат за претседател на Република Македонија

Централниот одбор, на денешната седница донесе заклучок дека ДОМ нема да предложи свој кандидат за претседател на Република Македонија, соопштија од партијата.

„Имајќи предвид дека во тек е процесот на номинација на кандидати, ЦО на ДОМ дополнително ќе одлучува за поддршка на претседателски кандидат. За ДОМ клучни се личниот профил на кандидатот, посветеноста на евроатлантската интеграција на Македонија и развој на прогресивно и просперитетно општество, како и поддршката во заштитата на животната средина и борбата против климатските промени.

Ставот на ДОМ е дека предвремени парламентарни избори во овој период би го успориле спроведувањето на реформите неопходни за отпочнување на преговорите со Европската унија.

ДОМ смета дека сега е потребно сите расположиви капацитети максимално да се ангажираат за реализирање на реформските приоритети и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. За таа цел, ДОМ ќе ги интензивира своите активности за заштита на животната средина, особено за намалување на аерозагадувањето.

На седницата беа избрани координатори и заменици координатори за шестте изборни единици: Дарко Кржовски и Христина Оџаклиевска за ИЕ 1, Александар Ѓорѓиевски и Дејан Димитровски за ИЕ 2, Ванчо Санев и Дане Милошевски за ИЕ 3, Елизабета Сурлаџија и Миле Настески за ИЕ 4, Благој Мицевски и Стефанија Трајковска за ИЕ 5 и Валентин Тасесеки и Стојан Давидовски за ИЕ 6“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Треба да знаете
Последни објави