Search

Вработен во МЗШВ си присвоил осум службени мобилни телефони

Секторот за внатрешни работи Скопје при единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 32-годишниот Д.А. од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Пријавениот, како што посочија од полицијата, бил  вработен  во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија на работно место помлад соработник за нормативно правни работи.

Како што посочија од полицијата Д.А. во месец април 2017 година до мобилен оператор испратил „корегирано барање“ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое барало испорака на осум мобилни телефонски апарати врз основа на субвенционирање на претплата на телефонските броеви задолжени на министерството. Бараните телефонски апарати биле испорачани на 12 мај истата годинаа, а пријавениот ги примил во име на министерството, но не ги предал за да бидат заведени како основни средства во сметководствената евиденција, туку ги присвоил за себе, соопштија од полицијата.

Со ваквата постапка како што информриаа од полицијата тој го оштетил министерството за 440.950 денари, а неколку дена подоцна тој ја уништил и испратницата.

Треба да знаете
Последни објави