Search

Белата куќа веќе ја информирала Москва за условите за преговори за ИНФ

Вашингтон веќе ја информирал Москва преку писмо за условите за повторно покренување преговори со Русија за Договор за нуклеарните сили од среден дострел, јави Тасс повикувајќи се на неименувани официјални претставници од Советот за национална безбедност на Белата куќа.

-На Русија и доставуваме преку пишан документ специфични чекори што може да ги преземе за да се врати на почитување и сочувување на ИНФ договорот, изјави официјално лице на Белата куќа.

Американскиот претставник додал дека „само целосно и проверливо уништување на руските ракети 9М729, лансирни рампи и опрема ќе биде решение за руското кршење на тој договор”.

Неговата изјава е одговор на прашање за подготвеност на Вашингтон да покрене нов дијалог за ИНФ Договорот.

Треба да знаете
Последни објави