Генералот на војската на Венецуела го призна Гуаидо за претседател

Генаралот на воено воздушните сили на армијата на Венецуела, Франциско Јанез, изјави дека повеќе не ја признава „диктаторска власт“ на претседателот Николас Мадуро и дека го признава самопрогласениот претседател, Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

„Ве известувам дека повеќе не ја признавам диктаторската власт на Николас Мадуро и дека го признавам Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела“, изјави Јанез.

АП објави дека не е познато дали генералот се уште е во Венецуела.

Јанез изјави дека околу 90 отсто од вооружените сили во Венецуела се против Мадуро.

Неговата изјава доаѓа неколку часа пред новите протести кои беа свикани од страна на претседателот на Собранието, и самопрогласениот претседател, Хуан Гуаидо.

Треба да знаете
Последни објави