Search

Снегот во Италија блокираше илјадници возила, колоната е долга 16 километри

Илјадници возила останаа блокирани на автопатот што ги поврзува североисточните делови на Италија со Австрија, а колоната од возила е долга околу 16 километри. Блокадите на патиштата се предизвикани од снежните врнежи.

Околу 200 луѓе од они кои беа заглавени во автомобили и автобуси се спасени.

Луѓето со часови седт во своите возила и чекаат помош, соопштија властите.

Портпаролот на службата за спасување изјави дека е тешко да се процени колку возила има во колоната, објави „Ројтерс“.

Поради невремето, голем број камиони или автобуси кои немале соодветна зимска опрема, се излизгале на автопатите и предизвикале големи блокади во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави