Search

Се сруши зграда во Алепо, 11 лица загинаа, меѓу нив има и деца

Најмалку 11 лица загинаа, а меѓунив има и четири деца, откако во Алепо се сруши зграда која беше оштетена од долгогодишните конфликти.

Властите наведуваат дека петкатната зграда се срушила во раните утрински часови, додавајќи дека само едно лице е спасено.

За речиси осум години конфликт во Сирија, повеќе од 400.000 луѓе се убиени.

Треба да знаете
Последни објави