Search

Рохани застана на страната на венецуелскиот претседател Мадуро

Иранскиот претседател Хасан Рохани го поддржа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави иранската агенција ИРНА.

„Ние веруваме дека луѓето од Венецуела преку единство и поддршка на властите ќе можат да ги решат притисоците од Вашингтон”, изјави Рохани.

Тој смета дека мешањето на Америка во внатрешните работи на Венецуела е, како што посочи многу лошо.

Иран ги поддржува властите на Венецуела од 1999 година, кога на власт дојде Хуго Чавес, а чии политики ги продолжи и сегашниот претседател Николас Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави