Search

Груевски за Сител: Не кажувам како избегав, нека каже Заев

Поранешниот премиер Никола Груевски во екслкузивното интервју за ТВ Сител не открива детали од бегството, туку одговорите на јавноста бара да ги открие власта. Во најавата за интервјутo, кое ќе биде емитувано во 19 часот, азилантот Груевски од Будимпешта рече дека никој од власта не му помогнал.

-Власта да ми  помогне?. Не. Власта да може  нешто друго лошо да ми направи би ми направила, а  не да ми помогне, рече Груевски.

Тој уште еднаш објасни дека владата на Унгарија решила да му даде азил поради неговиот статус, односно поранешната премиерска функција и дека поради тоа морало да го заштитат.

Од Македонија заминав многу едноставно. Заминав  во Албанија. Се пријавив во Унгарската амбасада во Тирана каде што побарав политички азил и оттаму дојдов  во Унгарија на начин што беше одлучено по одредени нивни внатрешни консултации  поради фактот што долги  години бев претседател на Влада, поради безбедносни причини добро  е да бидам транспортиран на некој начин до Унгарија, рече Груевски.

Кон Унгарија ја користел личната карта, но не може, како што рече, да даде одговор дали ја користел  за да излезе од Македонија и тоа им го остава на властите да го откријат.

– Не можам да ви одговорам во тој дел во овој период, ќе оставам малку власта да поработи на тоа затоа  што најавуваат дека се ќе откриеле. Но откако заминав во Албанија, натамошното движење беше со мојата лична карта до границата меѓу  Србија и Унгарија, а во Унгарија влегов со издаден документ од Унгарската амбасада во Тирана, наведе Груевски, посочувајќи дека  Владата треба да утврди дали ја преминал албанската граница на легален или на нелегален начин.

 

Треба да знаете
Последни објави