Search

Бројот на загинати по пукањето на браната во Бразил се искачи на 121 лице

Бројот на жртвите по пукањето на рударската брана во Бразил секојдневно расте.

Според последните бројки на властите бројот се искачил на 121 лице, додека 226 лица и натаму се водат за исчезнати.

Претставник на противпожарната служба во Минас Жераис, изјави дека телата на некои од жртвите можеби и никогаш нема да бидат пронајдени бидејќи има огромно количество на кал.

Тој најави дека операцијата за спасување ќе трае повеќе од еден месец.

Одлуката за тоа кога треба да се изврши пребарувањето зависи од времето и условите на теренот. Во несреќата што се случи пред неколку дена во југоисточниот дел на Бразил цел еден мал град беше прелиен со речна кал и рударски отпад.

По несреќата, властите издадоа налози за апсење пет лица за одговорност за несреќата предизвикана од пукањето на браната. Налозите за апсење беа издадени во Сао Пауло и Минас Жераис.

Треба да знаете
Последни објави