Search

Уапсен маж кој со бомба се закануваше на аеродромот во Квинсленд

Мажот кој со бобма се закануваше на меѓународниот аеродром во Бризбејн, најнаселениот град во австралиската држава Квинсленд е уапсен, соопшти полицијата во Квинсленд.

Полицијат по апсењето посочи дека за среќа никој не е повреден, објави АП.

Меѓународниот аеродром во Бризбејн е евакуиран, а запрен е и железничкиот сообраќај, кои оди до аеродромот, откако полицијата прогласи вонредна состојба по изјавите на очевидци дека маж со себе носел бомба и се заканувал.

Како што пренесуваат тамошните медиуми на аеродром поради превентивни мерки и натаму е присутна полицијата.

„Во моментов немаме повеќе информации”, се вели во изјавата на полицијата.

На социјални мрежи беше објавено дека на терминалот има маж кој е вооружен со ножеви и дека се заканува со бомба.

Треба да знаете
Последни објави