Најмалку 11 лица загинаа, а меѓунив има и четири деца, откако во Алепо се сруши зграда која беше оштетена од долгогодишните конфликти.
Властите наведуваат дека петкатната зграда се срушила во раните утрински часови, додавајќи дека само едно лице е спасено.
За речиси осум години конфликт во Сирија, повеќе од 400.000 луѓе се убиени.