Search

Нови протести во Белград

Деветтиот протест против актуелната влада, на движењето „Еден од пет милиони” почна пред Филозофскиот факултет во Белград.

Демонстрантите со транспаренти во рацете тргнаа по улиците на Белград.

На протестот има и претставници од левиот блок кои носат црвени знамиња и транспаренти „Доле Вучиќ, доле капитализам“.

Меѓу насобраните се и лидерите на Унијата за Србија. На протестот се приклучија и студентите од Факултетот за политички науки.

Организаторите на протестите најавија и преформанс наречен „Да му оставиме писмо на Вичиќ“. На настанот сите учесници на протестите ќе му остават порака на претседателот.

Треба да знаете
Последни објави