Search

Невреме во Калифорнија, во тек е евакуација

Силна бура ја погоди американската држава Калифорнија, каде што е наредена евакуација на населението поради опасност од лизгање на земјиштето.

Метеоролошките служби објавија дека ветровите во областа Санта Барбара достигнале и до 130 километри на час.

Објавено е и предупредување од поплави во јужниот дел на Калифорнија.

Возачите се советуваат да не ги користат планински патишта, бидејќи на планинските места се очекуваат силни врнежи од снег.

Метеоролозите најавуваат дека околу Лос Анџелес може да има силни врнежи од дожд. Евакуација е нареденаа во повеќе области во северниот и јужниот дел на Калифорнира, каде претходно пак имаше смртоносни шумски пожари.

Треба да знаете
Последни објави