Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фотографира и се фали со инвестициите што ги донесовме ние

Зоран Заев се фотографира и се фали со странските инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозицијата по посетата на премиерот во фабриката „Костал“ Македонија ДООЕЛ Охрид, каде беа најавени 200 нови вработувања.

„Да биде лицемерието поголемо токму странските инвестиции по кои што СДСМ и Заев фрлаа со дрва и камења кога беа во опозиција, сега им се единствена светла економска точка. Компаниите кои за СДСМ беа симбол за експлоатација на работници и ниски примања, сега за нив се компании кои поттикнуваат економски развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека работењето на компанијата е само уште еден доказ за успешните економските политики кои ги имплементирала владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои резултирале со илјадници нови работни места.

Треба да знаете
Последни објави