Search

Фудбалерите на Катар го освоија Купот на Азија

Катар го оствари најголемо достигнување во својата фудбалска историја и го освои Купот на Азија. Во финалната средба во Абу Даби, фудбалерите на Феликс Санчез го потчинија тимот на Јапонија, победувајќи го четирикратниот шампион на континентот со 3:1 за да стигнат до титулата.

Домаќините на СП 2022  го изминаа патот до финалниот дуел без примен гол, а на крајот го завршуваат турнирот со 7 победи во 7 натпревари и гол разлика 19:1.

Во херој во мечот за трофејот се претвори Акрам Афиф, кој е во сопственост на шпански „Виљареал“, но игра како позајмен во матичниот клуб „Ал Сад“. 22-годишното крило асистираше за првите два гола на Катарците и стави точка на мечот реализирајќи го третиот погодок од пенал.

Досегашното врвно постигнување на Катар во Азискиот куп беше петтото место во 1984 година во Малезија.

Алмоез Али, пак, го собори рекордот на саудиската легенда Али Даеи за најмногу постигнати голови во рамките на еден турнир, откако против Јапонците го нанижа деветтиот погодок, завршувајќи како најдобар голгетер на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави