Search

Нови амбасадорски кадри пред Комисијата за надворешна политика

Нови амбасадорски кадри пред Комисијата за надворешна политика

Собраниската Комисија за надворешни работи денеска ќе одржи седница со дневен ред  – тези за завршен разговор пред стапување на должности  амбасадор и вонреден и ополномоштен амбасадор.

Според тезите за завршени разговори пред заминување на должностите, Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид, а Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена.  На должност вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат Горан Стевчевски во Унгарија, Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.

Треба да знаете
Последни објави