Кинезинки организирано оделе да се породат во САД заради државјанство, започнаа апсења

Три лица беа уапсени во четвртокот во Калифорнија, под обвинение дека воделе компании кои се занимавале со нелегален облик на медицински туризам, т.н. „birth tourism”, пишува „Си-ен-ен“.

„Ова е прво кривично обвинение од таков вид во американскиот федерален суд”, изјави Том Мрозек, портпарол на американското државно обвинителство.

Компаниите им ја даваа услугата „birth tourism“ на кинески клиенти.

При овој облик на медицински туризам, странските државјани патуваат во странство за да раѓаат надвор од својата матична земја и со тоа им овозможуваат на своите деца да добијат државјанство во странство.

Во САД, државјанството автоматски им се дава на луѓето родени на територијата на САД, за разлика од некои други земји, како што се Швајцарија или Јапонија, каде што државјанството не се стекнува автоматски , туку само ако барем еден од родителите е државјанин на таа земја.

Министерството за правда на САД (ДОЈ) тврди дека компаниите рекламирале добивање на „најатрактивната националност”, „поквалитетен воздух” и помалку загадување. Тие, исто така, промовираа подобри средни училишта за децата на клиентите, постабилна политичка ситуација, социјални бенефиции и така натаму.

Во обвинението се наведува дека компаниите им советувале на жените да носат „удобна облека што ја крие бременоста” при влегувањето во САД.

ДОЈ подигна обвиненија против 19 лица. А еден од тројцата уапсени е 41-годишниот Донгјуан Лиу, кој добил 3 милиони долари од Кина преку меѓународни парични трансакции. Другите двајца обвинети, Мајкл Веи Јуе Лиу (53) и Џинг Донг (42) во САД ја водеа компанијата „Happy Baby Inc“, која за овој вид услуга на корисниците им наплатувала до 100.000 долари.

Обвинението исто така наведува дека Лиу и Донг користеле 14 различни банкарски сметки за да добијат повеќе од 3,4 милиони долари од Кина во 2013 и 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави