Два руски трговски центри изгореа во пожар

Два трговски центри во рускиот град Кизљар изгореа во пожар, соопштија локалните власти.

За среќа како што посочија оттаму во пожарите нема повредени. Според агенцијата ТАСС, во пожарите освен трговските центри, изгорени или оштетени се и неколку продавници кои се наоѓале во близина на трговските.

Пожарот зафатил површина од околу 8.000 квадратни метри, вели неименуван извор.

Треба да знаете
Последни објави