Search

Уапсени разбојници кои ограбиле салон на мобилен оператор

Полицијата уапсила двајца скопјани осомничени дека ограбиле салон на мобилен оператор  на Бит Пазар, информираше МВР. Станува збор за Ј.А.(20) и А.Б.(22) против кои се поднесени кривични пријави за разбојништво. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничените.

Според ОЈО, двајцата на 23.01.2019 година двајцата влегле во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на едно вработено лице, противправно одзеле 96.500 денари. Осомничените претходно ја разгледале поставеноста на безбедносните камери и провериле колку вработени се присутни во продажниот салон, се обиделе да украдат изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент осомничените излегле од продавницата и ги замениле јакните. Едниот дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите. Другиот осомничен за тоа време чувал стража пред објектот, па двајцата го напуштиле местото на настанот, велат од ОЈО.

Според кривичната пријава, Ј.А. два дена подоцна во близина на казино во Бутел на улица Бутелска ограбил жена. Тој со употреба на сила и заканувајќи и се дека, наводно има пиштол со кој ќе ја убиеи го зел паричникот во кој имало лични документи и 200 денари.

-Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Во однос на едниот осомничен, судијата го прифати предлогот и со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за вториот осомничен определи мерка- куќен притвор, велат од ОЈО.

 

Треба да знаете
Последни објави