Search

СДСМ: Нов раст на индустриското производство, економијата движи во добар правец

Нов раст на индустриското производство, растат и платите, економијата се движи во добар правец, велат од владејачката СДСМ преку соопштеНие.

Економските реформи и мерки на Владата, велат од СДСМ, даваат реални и добри резултати, економијата се движи во добар правец, растат платите и извозот, се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, растот на индустриско производство во декември 2018 година во однос на декември 2017, изнесува 7.9 отсто. Покрај индустриското производство, раст бележат и странските инвестиции. Од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ до денес, во фаза на реализација се 17 нови странски инвестиции, а расте и извозот од индустриските зони кој во 2018 година пораснал за 20 отсто и изнесува 2,4 милјарди евра.

Ова се само дел од податоците што ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ која продолжува да работи на спроведување на мерките што обебзедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани“, додава СДСМ во соопштението

Треба да знаете
Последни објави