Search

Малолетник повреден по пад од мотор

Малолетник од Скопје бил тешко повреден откако паднал од мотор, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 14 часот  во село Долно Лисиче.

Тогаш А.А.(17) од село Долно Лисиче, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Малолетникот со тешки повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави