Search

(Видео) Русковска: СЈО треба да ни ги предаде случаите, обвинителството не може да бара да ги преземе

Според постоечкиот Закон што се уште важи за Специјалното јавно обвинителство, тие треба да ни ги предадат предметите. Доколку не ни ги предадат, ние според тој Закон не можеме да ги побараме и да ги преземеме, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, прашана дали би ги преземале предметите од СЈО за тие да не пропаднат, по вчера изнесеното начелно правно мислење на Врховниот суд.

Прашана дали прислушуваните разговори ќе бидат докази и на јавното обвинителство доколку ги преземат случаите, Русковска, рече дека нема причина зошто не би биле.

-Доколку се сеќавате, кога тие снимки беа предложени како доказ од страна на СЈО, судот првостепениот ги одби, не ги прифати, но по одлука на Апелациониот суд тие станаа докази во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи, не е битно кој постапува по предметот и кое обвинителство. Сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд, рече Русковска.

Посочи дека тоа е нејзино мислење, а доколку им бидат предадени предметите и почнат да постапуваат, ќе видиме што ќе се случи.

Русковска очекува во најкраток рок да се донесе наредба за спроведување на истрага и за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

– Кои ќе бидат тие, ќе видите кога ќе ја изготвиме наредбата, изјави обвинителката Вилма Русковска, прашана дали ќе покрене ново обвинение против Никола Груевски, кого го спомена во завршните зборови денеска пред судот.

Прашана до каде е истрагата за бегството на екс премиерот Никола Груевски, Русковска, потврди дека го има Груевски на снимките во Црна Гора, како што е беше кажано во возило со двајца унгарски дипломати.

 

Треба да знаете
Последни објави